Објавено на:

(Видео) Нарко-војна на улиците: Гвадалахара во пламен откако армијата го ликвидираше Озјел Сервантес „Ел Менчо“ лидерот на картелот CJNG

t

Гвадалахара се соочи со бран насилства и улични блокади откако се појавија информации дека мексиканската армија го ликвидирала Озјел Сервантес, познат како „Ел Менчо“, лидер на озлогласениот картел CJNG.

Според видеа што кружат на социјалните мрежи, вооружени групи поставиле нарко-блокади, запалиле возила и ги блокирале клучните сообраќајници во центарот на градот. Граѓаните во паника бегаа од улиците додека густ чад се издигаше над повеќе локации.

Безбедносни извори наведуваат дека блокадите се типична тактика на картелите за да го попречат движењето на војската и полицијата по големи операции. Доколку се потврди ликвидацијата на „Ел Менчо“, тоа би претставувало еден од најтешките удари врз CJNG, но и потенцијален повод за ескалација на насилството во регионот.

Локалните власти апелираа граѓаните да останат во своите домови и да избегнуваат патување низ погодените области. На терен се распоредени воени и полициски сили, додека се расчистуваат запалените барикади и се обезбедуваат главните сообраќајници.

Засега нема официјална потврда од мексиканската влада за смртта на лидерот на картелот, но тензиите во Гвадалахара остануваат високи, со страв дека насилствата може да се прошират и во други делови на земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Нарко-војна на улиците: Гвадалахара во пламен…

Гвадалахара се соочи со бран насилства и…

Луна парк до јуни 2027? Градот во…

Скопје се подготвува за нова фаза во…

„Јас сум син на кралицата, не можете…

Братот на британскиот крал Чарлс, Ендрју Маунтбатен…

Приведени 18 возачи во Македонија, двајца пијани…

Во текот на 21/22.02.2026 година, во периодот…

Министерот Алиу откри колку фабрики за марихуана…

Министерот за здравство Азир Алиу во изјава…