Апсењето на Груби главна вест во регионалните медиуми

t

Апсењето на Артан Груби на Блаце утринава е главна вест во сите медиуми од регионот. Медиуми од Албанија, Косово, Србија и Бугарија ја пренесоа веста за враќањето на поранешниот вице-премиер во земјава.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека утрово во 06:10 часот на граничниот премин Блаце е лишен од слобода поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Според информациите од МВР, на 23 февруари 2026 година, при влез во Република Северна Македонија, Груби (роден на 7 јуни 1977 година), за кого била активна мерката „апси“, бил приведен и задржан за понатамошна постапка. објави Скопје1.мк

Груби се терети за кривично дело „проневера во службата“ бидејќи заедно со Перпарим Бајрами, поранешниот директор на Државна лотарија на Македонија нарачале ВЛТ апарати и проневериле 8,2 милиони евра државни пари. Груби ја раководител владината седница и го одобрил барањето за ВЛТ апаратите иако знаел дека јавната набавка е незаконска и дека лотарија нема право самостојно да организира електронски игри на среќа.

Груби ја напушти Македонија во 2024 година по што за него беше распишана меѓународна потерница. Стејт Департментот на САД го стави Груби на црната листа заедно со судијата Енвер Беџети

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…