Лукровски негира дека го седнале во градоначалничката фотеља да го одобри „проектот“ Карпош на вода
По многуте шпекулации дека на кејот на Вардар кај Карпош ќе никнат згради, од кои ќе се направи комплекс „Скопје на вода“, Општина Карпош тврди дека станува збор за измислици.
„Груба лага и манипулација се тврдењата за некакви проекти налик на искуства од други држави во регионот. Ниту сме планирале ваков тип на урбанизација ниту планираме. Свесното извртување на факти и пласирањето на ноторни лаги е опасна игра со јавноста која остро ја осудуваме.
Во име на транспарентноста и отворената комуникација која Општина Карпош ја води со граѓаните, по низата шпекулации и лажни вести кои се проширија, должни сме пред севкупната јавност да ги посочиме следните факти:
Работиме на средување на урбанистичкиот хаос кој го наследивме во Општина Карпош
Сите започнати постапки од претходното раководство, преку надлежната комисија за урбанизам се дадени на ревидирање и повторно разгледување
Сето ова е преземено со цел да се заштити интересот на граѓаните, развојот на зелениот простор во општината, хуманото уредување на просторот во рамки на законската регулатива.
Карпош ќе се развива според потребите на карпошани и во директна консултација со карпошани. Новото раководство на општината ќе работи само и исклучиво во интерес на граѓаните на Општина Карпош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…