ЧУДО ВО ЕВРОПА: Родено првото бебе од матка на починат донор!
Во Обединето Кралство е родено првото бебе од трансплантирана матка од починат донор – медицински подвиг што лекарите и семејството го опишуваат како историски момент.
Мајката, Грејс Бел, е родена со Мајер-Рокитански-Кистер-Хаузеров синдром (MRKH), ретка состојба при која матката е неразвиена или целосно отсуствува. Таа им се заблагодари на лекарите и го опиша раѓањето како „чудо“ и „најубав момент во животот“, пренесе GB News.
Бебето Хуго е второ дете во Британија родено по трансплантација на матка, но прво во случај кога е користен орган од починат донор.
Неговото раѓање следува по првата трансплантација на матка во земјата во 2023 година, кога Грејс Дејвидсон, која исто така има MRKH синдром, доби матка од својата постара сестра како жива донорка.
Трансплантациите од починати донори се изведуваат само со изречна согласност од семејствата, бидејќи матката не е опфатена со вообичаениот регистар за донирање органи ниту со претпоставената согласност за донација.
Досега во Европа се пријавени само два слични случаи. Организацијата Womb Transplant UK досега има извршено пет трансплантации на матка во Британија – две од живи донори и три од починати – при што веќе се родени две бебиња.
Овој успех се смета за значаен чекор напред во репродуктивната медицина и нуди нова надеж за жените кои поради медицински причини не можат да износат бременост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…