Путин ја обвини Украина дека ги минира мировните преговори
Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска ја обвини Украина дека се обидува да ги минира мировните преговори, напаѓајќи ја руската енергетска мрежа.
– Противниците на Русија прават сè за да го спречат напредокот што го постигна Русија во преговарачкиот процес – нагласи Путин.
Тој тврди дека Киев со помош на западните разузнавачки служби, ја напаѓа руската енергетска инфраструктура и стратешките објекти.
Путин на средбата со претставници на Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) посочи дека можна цел на украинските напади би биле гасоводите на дното на Црно Море – Турски поток и Син поток.
Рускиот претседател наведе и дека се зголемени терористичките напади во земјата и побара поголема заштита на доверливите информации поврзани со армијата и воената индустрија.
ФСБ даде најважен, значаен придонес во обезбедувањето на суверенитетот, во заштитата на безбедноста на нашите граѓани. Во текот на изминатата 2025 година, во сите клучни области, вие и вашите колеги достојно ги решивте поставените задачи, истакна Путин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…