Јане Ченто: Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор

t

Бурни реакции во јавноста откако вчеравечер поранeшениот вицепремиер Артан Груби кој беше уапсен на граничниот премин Блаце доби куќен притвор.

На својот фејсбук профил се огласи и Јане Ченто, еден од осудените за нападот во Сообраниетo на 27 април 2017 година.

„Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор.

Мене ми наместија предмет дека сум го прекршил куќниот притвор и ме вратија во Шутка по само 20 дена дома.

Со камери во мојот дом докажав дека сум бил дома. Докази имаше. Снимки имаше.

Од МВР тврдеа спротивно – и никому ништо, помина нивното.

Сѐ беше џабе.

5 и кусур години ме влечеа по судови за нешто што знаеа дека не постои.

На крај – правосилна пресуда во моја корист.

Вистината исплива.

Но, изгубеното време, притисоците, понижувањето, кој ќе ги врати?

Кога ќе ги гледам денешните правосудни „аршини“, не можам да премолчам.

Правдата во оваа држава очигледно не е иста за сите.

Може да нѐ наречете како сакате неколку од нас што не губиме надеж за тоа дека еден ден ќе дојде правда, но тоа е, ние ќе се надеваме. И да, ми се гади од лицемерието. Толку.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јане Ченто: Артан Груби во куќен притвор,…

Бурни реакции во јавноста откако вчеравечер поранeшениот…

Прилепчанец со завршено четврто одделение полагал возачка…

30‑годишник кој имал завршено само четврто одделение,…

Поранешниот норвешки премиер хоспитализиран, наводно се обидел…

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд (75) е…

(Фото) Распука асфалтот на патот кон Теферич,…

Градоначалничката на Кисела Вода упати апел до…

Вучиќ за апсењето на осомничените во Краљево:…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави…