Се огласи Бране по тужбата од Заев: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, денес никој не е над законот!
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи порача дека тужбата за клевета, како што наведува, „нема да ја сокрие вистината“, алудирајќи на поранешниот премиер Зоран Заев.
Во својата објава, Петрушевски истакнува дека завршиле времињата кога, според него, од позиција на власт се вршеле притисоци врз судии и обвинители и се „нарачувале пресуди“, тој наведува дека денес институциите треба да постапуваат согласно законите, а не под политички влијанија.
Пратеникот посочува дека стои зад секој јавно изнесен збор и изразува подготвеност аргументите да ги соочи на суд, но и пред јавноста. Според него, судницата не треба да биде средство за заплашување, туку место каде што се утврдува вистината.
Во објавата се додава дека никој не е над законот, без разлика дали станува збор за поранешен премиер или актуелен пратеник. Петрушевски упатува повик, наместо преку тужби да се замолчува критиката, да се одговорат прашањата што, како што наведува, ја интересираат јавноста.
„Вистината секогаш излегува на виделина“, порачува Петрушевски во својата објава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…