Скопскиот градоначалник и македонската претседателка на ифтарска вечера со Касами и Гаши
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, вечерва присуствуваше на ифтарска вечера. Заедно со скопскиот градоначалник, на иста маса беа и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, собранискиот спикер, Африм Гаши, министерот за здравство, Азир Алиу и првиот човек на општина Тетово – Билал Касами.
„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Речиси 3 недели екстремна топлина во Франција,…
Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе…
Израел нападна полициска станица во Газа –…
ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
Скопски пожарникари се приклучија во гаснењето на…
Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје…
Македонците го одбележаа Преображение во црквата во…
Македонците по потекло од селото Ербеле, областа…