Кривична пријава за инспектор од Кочани за попречување на правдата

t

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Б.Б. поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „попречување на правдата“.

Пријавениот Б.Б., на работно место помлад инспектор за малолетничка деликвенција и семејно насилство во Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани при СВР Штип, со намера да сокрие и уништи докази за да го отежне докажувањето на кривично дело во постапката поведена против осомничено лице, неосновано одложил извршување наредба на јавен обвинител за прибирање предмети што може да послужат како доказ во постапка пред суд или друг надлежен орган, со што го спречил, односно отежнал докажувањето на продолжено кривично дело „измама“.

Имено, при лишување од слобода на осомниченото лице и при неговото спроведување до полициска станица не го одзел мобилниот телефон, со што му овозможил да ракува со мобилен телефон, а потоа да го изнесе од полициска станица, со што го направил овој доказ неупотреблив.

Одделот за внатрешна контрола против пријавениот ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седум бебиња родени за два дена во…

Кочани добива ретко убава и позитивна вест…

Газда на фирма не пријавил данок од…

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…

Фатен во Скопје дилерот кој ѝ избега…

Осомничениот дилер на дрога Александар Лазаров –…

„Зад секоја бројка стои нечие дете“ –…

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 –…