„Монд“: Со речиси 500.000 загинати војната во Украина е најлошото крвопролевање во Европа од 1945 година

t

И покрај воената тајновитост за сопствените загуби и на украинска и на руска страна и тешкотиите во броењето на цивилните жртви, особено во окупираните области, напорите надвор од теренот и вкрстувањето на јавните податоци овозможуваат процена на колосалниот обем на човечки жртви во текот на овие четири години војна, објави денеска парискиот весник „Ле Монд“ на својата веб-страница.

Помеѓу 500.000 и 600.000 мртви војници и цивили заедно – тоа е приближна бројка на жртви четири години по одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја почне инвазијата врз Украина на 24 февруари 2022 година.

„Ова е најлошото крвопролевање на европскиот континент од Втората светска војна, далеку надминувајќи ги југословенските војни. Ако ги вклучиме и воените ветерани инвалиди, вкупниот број се приближува до два милиона лица, покажуваат пресметките на Центарот за стратешки и меѓународни студии, тинк-тенк од Вашингтон специјализиран за безбедносни прашања“, наведе „Монд“.

Меѓутоа, ова е само процена бидејќи и Украина и Русија не ги пријавиле своите воени загуби.

На цивилниот фронт извештајот на Обединетите нации од средината на февруари го става бројот на докажани и идентификувани украински цивилни жртви на 53.006 од 24 февруари 2022 година вклучувајќи 15.954 смртни случаи.

На тоа мора да се додадат десетиците илјади цивилни жртви на 20-те проценти од украинската територија окупирана од руската армија вклучувајќи 22.000 убиени, според Киев, за време на тримесечната руска опсада на Мариупол пролетта 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Монд“: Со речиси 500.000 загинати војната во…

И покрај воената тајновитост за сопствените загуби…

Зеленски: Украинските преговарачи утре ќе се сретнат…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека украинските…

Македонија и 106 земји гласаа за траен…

Генералното собрание на ОН синоќа усвои резолуција…

Трамп вети мир во Украина и го…

Американскиот претседател Доналд Трамп го искористи најдолгото…

Беким Сали во официјална работна посета на…

Првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна…