(Фото) Ова е осомничениот убиец од кумановско Драгоманце – ДНК го врзува со последната жртва
Булевар дојде до ексклузивна фотографија од осомничениот за серијата брутални убиства во кумановско, кој моментално се наоѓа во притвор. Станува збор за 25-годишно лице од регионот на Старо Нагоричане поточно село Драгоманце, за кое истражните органи потврдија дека неговата ДНК се совпаѓа со трагите пронајдени кај последната жртва.
Фотографијата, која ја објавуваме со заматено лице поради почитување на законските процедури и презумпцијата на невиност, покажува младо лице кое, според досегашните информации, живеело повлечено во дисфункционално семејство и без значајни контакти со околината.
Форензичките анализи го поврзаа осомничениот директно со убиството на повозрасна жена во селото Челопек. Истражителите пронашле биолошки траги на местото на злосторството кои одговараат на неговиот генетски профил. Ова е прв цврст материјален доказ што го става во центарот на истрагата.
Обвинителството веќе нареди ексхумација на уште една почината жена од кумановско, со цел да се утврди дали постои поврзаност. Неофицијално, се анализираат неколку смртни случаи со сличен профил – повозрасни жени кои живееле сами во рурални средини.
На осомничениот ќе му биде извршено психијатриско вештачење од тим форензички експерти, што треба да утврди дали бил пресметлив во моментот на извршување на делото.
Иако осомничениот е зад решетки, жителите на селата во општина Старо Нагоричане велат дека стравот сè уште е присутен. Дел од семејствата ги повлекле повозрасните членови од руралните домови, додека други вовеле дополнителни мерки за безбедност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Ова е осомничениот убиец од кумановско…
Булевар дојде до ексклузивна фотографија од осомничениот…
Рокас: Процесот на пристапување во ЕУ е…
Процесот на пристапување во ЕУ е дефиниран…
Се шират блокадите на српските земјоделци
Блокадите на земјоделците се шират сè повеќе…
Бил Гејтс призна дека имал афери со…
Бил Гејтс им се извини на вработените…
Трамп рече дека спречил војна Косово-Србија
Рекордната должина на обраќањето пред Конгресот не…