Родителите на починатите од Кочани: Придружете ни се на Маршот на ангелите, вашето присуство е сила
Од Здружението на граѓани 16ти март повикуваат целата јавност да им се придружи на Маршот на ангелите. Маршот ќе почне во 15 часот и 5 минути од Паркот на слободата во Кочани.
-Маршираме со тивка болка, но со силен глас. Маршираме за оние што не се со нас, а присутни се во секој наш здив. Маршираме затоа што им должиме вистинска правда — не половична, не одложена, не премолчена. Ова не е само марш. Ова е чекор за достоинство. Чекор за вистината да не биде скриена. Чекор за правдата да не остане недостапна. Вашето присуство е сила. Поддршка. Обврска кон нашите ангели. Да покажеме дека болката не нè скршила — туку нè обединила во борбата за она што им следува, се наведува во повикот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Седум бебиња родени за два дена во…
Кочани добива ретко убава и позитивна вест…
Татко на 71 и мајка на 61…
Жена на 61-годишна возраст и нејзиниот 71-годишен…
Тешко повреден вработен во кочанскиот водовод, паднал…
На 23.07.2026 во 09:04 часот во ОВР…
Фатен во Скопје дилерот кој ѝ избега…
Осомничениот дилер на дрога Александар Лазаров –…
„Зад секоја бројка стои нечие дете“ –…
Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 –…