Сиљановска-Давкова оддаде почит на Трајковски: Неговата визија останува наша обврска

t

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оддаде почит на претседателот Борис Трајковски и на членовите на македонската делегација кои загинаа во авионска несреќа во БиХ.

„Дваесет и две години по трагедијата, со длабока тага повторно им оддадовме почит на претседателот Борис Трајковски и на членовите на македонската делегација, чии животи згаснаа во авионската несреќа во Босна и Херцеговина.

Претседателот Трајковски ќе остане запаметен како државник, лидер и добар човек, чии живот и политика се темелеа на принципи и вредности.

Беше заколнат миротворец, борец за човекови права, длабоко веруваше во македонската европска иднина и демократијата.

Неговата визија останува наша обврска!

Во знак на сеќавање и благодарност се поклонив пред вечните почивалишта на загинатите членови на делегацијата: Димка Илкова – Бошковиќ, Ристо Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски на гробиштата „Бутел“ во Скопје.

Делегации им оддадоа почит и на Анита Кришан Лозановска на гробиштата во Велес, на Борис Велинов на гробиштата во населба Илинден и на Аце Божиновски на гробиштата во Бардовци“, напиша Сиљановска-Давкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска-Давкова побара помош од дијаспората во спречувањето…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер се обрати на…

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…