Филипче до Мицкоски: Правите упад, носите неуставен Закон во образование
Соопштение за јавност на СДСМ:
Претседателот на СДСМ и пратеник д-р Венко Фиипче, на денешната собраниска седница за пратенички прашања, укажа дека власта со новиот Закон за високо образование прави класичен упад во автономијата на универзитетите.
„Јас не можам да сфатам како буткате таков еден закон на сила кога гледате дека цела академска фела, цела академска заедница е против тие измени. Тој закон е противуставен. Не смее владата да прави таков упат во автономијата на универзитетот”, рече Филипче.
Во прашањето до премирот Мицкоски, Филипче нагласи дека власта не смее самоволно укинува универзитети.
„Не смеете да укинувате универзитети и програми по волја само на министерот и некој негов тим. Јас сум прилично сигурен, жал ми е што професорката не е тука, дека таа ова не го прави на своја волја, туку трпи притисок од вас. Не е таа жена која што е без искуство и би правела вакви измени соочена со сериозен отпор од сите факултети во државава и државни и приватни”, рече Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…