Филипче: Се бориме за систем, не еден човек како Мицкоски кој сака сè да контролира

t

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Сител Телевизија истакна дека суштинската разлика меѓу СДСМ и ВМРО е во концептот – дали ќе има функционален систем или еден човек кој ги контролира сите институции.

„Ние се бориме да има систем, не еден поединец. Не треба тука да има еден човек, владетел кој што ги контролира сите работи, како што тоа сака Христијан Мицкоски да го прави. И го прави. Не, не. Ние се бориме да има систем. Затоа што само системот ќе врати вербата на граѓаните во оваа држава“, порача Филипче.

Тој предупреди дека партизацијата на судството и обвинителството ја уништува довербата на граѓаните во правдата.

„Не се прави тоа со партизирано судство. Да ставите судија за судија во Судски совет, жена на градоначалник на ВМРО ДПМНЕ, да ставите во Уставен суд советник на премиерот. Да квалификувате јавно обвинители со различни погрдни зборови… Очигледно е дека и судството и обвинителството се целосно партизирани. Тоа се луѓе кои директно му одговараат на премиерот. Па кој има верба во такво судство?“, изјави Филипче.

Според него, токму ваквото однесување создава чувство на безизлез и недоверба кај граѓаните.

„Стравот го чувствуваат граѓаните поради тоа што изгубија верба дека оваа власт може да испорача тоа што треба. Граѓаните не се ниту слепи, не се ниту глуви, не се ниту наивни“, рече тој.

Филипче потенцираше дека единствениот начин да се врати довербата е преку вистински реформи и европски стандарди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…

Околу половина од нафтата што моментално се…

Најмалку 100 луѓе се стравува дека загинале…

Најмалку 100 луѓе можеби загинале по одрон…

Данска распореди регрути во Гренланд

Данска распореди регрути во Гренланд, својата автономна…

ВЛЕН: Орхан Муртезани ја презема амбасадорската должност…

Назначувањето на Орхан Муртезани за амбасадор и…

Се подготвува ли „црна листа“ на гости…

Додека туристите со години ги оценуваат хотелите,…