(Видео) Телма стигна до ТикТок профилот на осомничениот сериски убиец во кумановско
Телма дојде до профилот на осомничениот сериски убиец од кумановско Старо Нагоричане на социјалната мрежа ТикТок, каде бил релативно активен. На него можат да се потврдат дел од информациите кои Телма веќе ги објави, како што е тоа дека се работи за крупен 25-годишник кој се занимава со чување овци, а живеел во Драгоманце.
Тој објавувал и детали од неговиот приватен живот, а на едно од видеата се гледаат и мајката и очувот со кои живеел, но и заедничка фотографија со останатите членови на семејството, односно децата на неговиот очув.
Последното видео кое го закачил е со датум од 9 февруари, ден пред да биде пронајдена последната негова жртва, 78-годишната Мира С. од Старо Нагоричане. По ова тој беше уапсен и ставен во притвор. За неа, пак, обвинителството тврдеше дека е убиена во периодот од 29 јануари до 10 февруари. Точниот ден не се знае, бидејќи таа живеела сама, а нејзините деца во странство. Во овој период осомничениот бил доста активен на ТикТок, речиси секој ден се снимал, а на едно видео симулирал дека го брка и полиција. Има и неколку видеа на кои наредил банкноти на масата, се фалел со парите, а обвинителството се сомневаше дека ги ограбувал жртвите.
Извори од истрагата за Телма тврдат дека 100 проценти е потврдено дека тој е убиецот на Мира С. Се совпаднале ДНК анализите кои биле пронајдени на лице место, со неговите примероци. Други детали не се откриваат, посебно околу тоа дали се истражува и дали тој ги силувал жртвите.
Мештаните на терен раскажуваа дека неколку жени биле пронајдени мртви во своите домови и биле полуголи, а една од нападнатите која прежиевала, тврдеше дека се обидел и да ја силува. Обвинителството се посомнева за уште еден случај на почината помлада жена во нејзиниот дом, па нејзиното тело беше откопано и дадено на обдукција. Од обвинителството официјално велат дека се земаат огромен број докази за да се расчистат сите настани.
„Осомничениот е обезбеден и во следните денови ќе следи негова психијатриска проценка од тим на експерти. До овој момент вештиот наод од извршената обдукција на ексхумираното тело не е доставен до јавниот обвинител. Во текот на оваа сложена постапка се вршат распити на лица, а ќе бидат обезбедени и сите други потребни докази за целосно расчистување на случаите“, соопштуваат од Основно јавно обвинителство Куманово.
Според неофицијалните информации на Телма, се истражуваат пет случаи на мртви повозрасни жени и еден обид за убиство. Сите се случиле некаде од летото лани, па сè додека беше уапсен осомничениот. Но, се отвори прашањето зошто никој не преземал ништо, и покрај тоа што тој важел за проблематичен, нападен, агресивен, уште како средношколец. Социјалните служби не преземале ништо и покрај тоа што стручните лица од училиштето каде учел алармирале, родителите биле незаинтересирани, а полицијата го знаела, но никогаш не го гонела.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Телма стигна до ТикТок профилот на…
Телма дојде до профилот на осомничениот сериски…
Телевизија 24: Груби бил под закана од…
Три службени белешки кои по автоматизам од…
Мицкоски: Кон ЕУ нема да водиме “мекотелна…
И по 2028 ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери…
Филипче: Стандардот ќе тоне, од оваа власт…
Филипче во изјава за Сител, посочи дека…
Македонија да го искористи позитивниот момент за…
Македонските власти да го искористат позитивниот момент…