Денес е Упокоение на Свети Кирил Солунски

t

Според познатото кратко житие на Константин Филозоф, во монаштво наречен Кирил, потекнувал од познати родители Лав и Марија, солунски Словени. Високата положба на таткото и талентот на момчето му ја отвориле вратата на позната Магнаурска школа во Цариград каде што Константин учел заедно со децата на византиските цареви и болјари под раководство на познати учители и на прочуениот Фотиј, идниот цариградски патријарх. Образованието го завршил со прекарот Филозоф, по што бил назначен за патријаршиски библиотекар и предавач по филозофија. Му биле давани и разни обврски од општествен карактер. Ослободен од суетата на овој свет, Константин тајно заминал во манастир на Олимп во Мала Азија, при својот брат Методиј, каде што во пост и молитви се подготвувал за големото свое дело – да создаде словенска азбука и да ги преведе словенските книги на Православната Црква на јазикот на Словените. Подготвен со тоа оружје тој со брата си бил испратен од византискиот император Михаил III во словенските земји Моравија и Панонија за да ги придобие за христијанството тамошните народи со мајчиниот јазик. Но биле засегнати интересите на месното германо-латинско духовенство. Тоа било ѓаволски насилено кон словенскиот јазик и започнало борба против него. На двајцата браќа словенски просветители им било наложено да се упатат кон Рим и своето дело да го бранат од непријателите пред самиот римски папа. Во Рим Константин тешко се разболел, бил потстрижан и како монах го добил името Кирил и по 50 денови починал на 27 февруари 869 година. Самиот папа Адријан го извршил погребот во црквата „Свети Климент Римски“. Житието на свети Кирил е напишано од свети Климент Охридски со помош на свети Методиј, Моравскиот архиепископ, брат на свети Кирил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес е Упокоение на Свети Кирил Солунски

Според познатото кратко житие на Константин Филозоф,…

Денес се празнува Преподобен Симеон Мироточив

Стефан Немања, голем владетел на српскиот народ,…

Денес се празнува Свети Мелетиј, архиепископ Антиохиски

Овој голем и свет маж беше извонреден…

Денес се празнува Светиот маченик Георгиј Кратовски

Македонец од градот Кратово. По занает златар.…

Денес почнуваат Велигденските пости

Овој пост е посветен за подготовка и…