Во омиленото летувалиште на Македонците пронајдени исечени делови од човечко тело во вреќи
Човечки делови се пронајдени во вреќи во рурална област Пефкохори, Халкидики, во четврток попладне.
Околу 18:30 часот, шумарски работници кои работеле во областа ги забележале вреќите и се соочиле со морничава глетка.
Според градоначалникот на Пефкохори, Јоргос Цикуридис, кој ги известил и властите, тие отишле на терен во 17:30 часот за да работат и додека си оделе виделе вреќа и куфер со ќебиња облиени со крв, објавува Прототема.
Од раката што штрчела и имала прстен на неа, сфатиле дека станува збор за човечко тело.
Полициските сили се упатиле кон местото на настанот, а областа е обезбедена, додека се очекува да пристигне и судски експерт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во омиленото летувалиште на Македонците пронајдени исечени…
Човечки делови се пронајдени во вреќи во…