Мицкоски: Имам доверливи информации зошто Груби не бил испратен во „Шутка“, но не можам да ги објавам

t

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва во гостување на телевизија „Сител“ изјави дека побарал детално објаснување од Министерството за внатрешни работи (МВР) и Агенцијата за национална безбедност (АНБ) за безбедносните проценки врз основа на кои било оценето дека поранешниот вицепремиер Артан Груби не би бил безбеден доколку биде притворен во истражниот затвор „Скопје“.

Мицкоски рече дека ги добил објаснувањата од безбедносните институции, но дека не може јавно да ги сподели бидејќи станува збор за класифицирани и строго доверливи информации.

„Постојат документи и проценки од надлежните институции, но тие се со степен на тајност и не можам да ги објавам“, посочи премиерот.

Во интервјуто тој се обиде да ги демантира шпекулациите во јавноста дека враќањето на Груби во земјата, како и неговото претходно бегство преку граничниот премин „Блаце“, во кое беа вмешани и полициски службеници, било резултат на политички договор или пазар меѓу власта и поранешни функционери.

Испраќањето на Груби во куќен притвор наместо во затворот „Шутка“ предизвика силни реакции во јавноста, додека претставници на власта во изминатите денови повторуваат дека одлуката била исклучиво во надлежност на Обвинителството и Судот, без политички притисоци.

Поранешниот вицепремиер се врати во Македонија во понеделникот, по 14 месеци бегство од истрагата во која е осомничен за финансиски злоупотреби поврзани со Државната лотарија, во случај тежок околу осум милиони евра. Обвинителството предложи ефективниот притвор да биде заменет со куќен притвор, што судија на Кривичниот суд го прифати, имајќи предвид дека судот не може да изрече построга мерка од онаа што ја бара обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…