Бугарија, Македонија, Албанија, Италија и Романија со заедничка воена вежба на учебниот полигон „Корен“

t

Мултинационалната борбена група на НАТО во Бугарија на 27 февруари изведе вежба на учебниот полигон „Корен“. Ова е прва вежба по ротацијата на бугарските маневарски формации во борбената група, јавува Бугарски воен журнал.

Во вежбата учествуваа 300 воени лица со 30 единици борбена техника – бугарски механизиран вод од 31. механизиран баталјон, италијански маневарски формации со борбени возила „Дардо“ и „Фречија“, како и по еден пешадиски вод од Романија, Албанија и Македонија.

Целта на вежбата беше да се покаже усогласеноста и да се оценат борбените способности на поединечните елементи од борбената група во меѓусебна интеракција на тактичкото поле во две фази – одбранбена и офанзивна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…