Црвениот крст исплати 11,2 милиони денари на 18 повредени од пожарот во „Пулс“
Црвениот крст на Македонија на 27 февруари 2026 година ја изврши последната исплата од собраните средства за настраданите од пожарот во Кочани. Средствата се распределени на 18 лица, поделени во две категории, во вкупен износ од 11.200.000 денари.
Исплатата, како што информираат, е реализирана врз основа на доставен список на повредени лица, изготвен по втората евалуација на нивната здравствена состојба и прогнозата за понатамошно лекување, подготвена од Комисијата на Министерството за здравство.
-Со оваа исплата, вкупниот досегашен трансфер на средства од Фондот на солидарност достигнува 164.744.901 денар. Со цел обезбедување транспарентност и отчетност, Црвениот крст подготви Извештај за фактичките наоди за приливите и одливите на сметката на Фондот на солидарност за периодот од 16 март до 22 август 2025 година. Извештајот е објавен на веб-страницата на Црвениот крст, информираат оттаму.
Во тек е подготовка на финален извештај кој ќе го опфати и преостанатиот период, а истиот ќе биде објавен до 15 март годинава.
Од организацијата упатија благодарност до сите донатори кои придонесоа за мобилизирање на хуманитарната поддршка за настраданите и нивните семејства.
-Црвениот крст продолжува со активности на терен, со посебен акцент на обезбедување психолошка поддршка преку Регионалниот центар за ментално здравје и психосоцијална поддршка, велат од Црвениот крст.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родителите на жртвите од „Пулс“: Обвинителството откри…
Здружението на родителите на загинатите деца во…
Клековски се сретна со повредените од „Пулс“
Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа имал…
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…
Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…
Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…
Можете да ја одложувате правдата, но не…
Родителите на загинатите млади во пожарот во…