Антикорупциска на некоја од наредните седници ќе испита дали има судир на интереси кај Томовски
Антикорупциската комисија на некоја од следните седници ќе донесе одлука за евентуален судир на интереси кај директорот на СОЗР – Ивица Томовски. Опозициската СДСМ обвинуваше дека 160 тендери добила фирма блиска на наводно блиско лице на директорот на владината служба, најави претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ.
Денеска и од СДСМ реагираа дека како што велат 92 дена откако го иницирале предметот за Томовски но и другите поврзани со различни тендери ДКСК се уште не се изјаснила а велат молчат и другите институции пред кои тие поднеле и доставиле докази за коруптивните скандали и судир на интереси .
Предметот кој го отвори антикорупциска по иницијатива на СДСМ а во врска со директорот на СОЗР Ивица Томовски треба да покаже дали имало судир на интереси но и дали има или не поврзаност со компанијата Сити аутсорсинг . Томовски пак уште тогаш најави тужба против СДСМ поради јавно изнесување пред јавноста на неговиот телефонски број од партиската говорница .
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…