Хегсет: Американска подморница потопи ирански воен брод во близина на Шри Ланка
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет на денешната прес-конференција изјави дека американската армија потопи ирански воен брод во близина на брегот на Шри Ланка.
– Американска подморница во Индиски Океан потопи ирански воен брод, кој мислеше дека е безбеден во меѓународни води. Наместо тоа, беше потопен од торпедо „Тивка смрт“. Тоа е прво потонување на непријателски брод со торпедо по Втората светска војна. Како и во таа војна, кога сè уште бевме Воено Министерство, се бориме за победа, наведе Хегсет.
Првично беше објавени дека имало експлозија на иранската фрегата „ИРИС Дена“ во близина на брегот кај Шри Ланка.
Властите на Шри Ланка објавија дека 32 ирански морнари се спасени, пронајдени се 80 безживотни тела, а повеќе од 60 лица се водат како исчезнати.
Иранската фрегатата се враќала во Иран по инспекцијата на меѓународната флота во Индија.
Иранскиот брод испратил сигнали за помош од меѓународните води во Индискиот Океан.
– Придржувајќи се кон меѓународните обврски, Шри Ланка испрати своите спасувачки екипи, иако инцидентот не се случил во територијалните води на земјата, изјави, изјави министерот за надворешни работи на Шри Ланка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хегсет: Американска подморница потопи ирански воен брод…
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет на…
Кина испраќа специјален пратеник да посредува во…
Кина ќе испрати специјален пратеник на Блискиот…
Арагчи: Трамп ја изневери дипломатијата и на…
Иранскиот министер за надворешни работи – Абас…
Паника на пумпите во Србија: Возачи точат…
Горивото станува тема број еден кај соседите.…
(Видео) Хегсет: Иран се обиде да го…
Министерот за одбрана на Соединетите Американски Држави,…