Шест македонски државјани од Израел ќе бидат евакуирани со владиниот авион
Додека безбедносната состојба на Блискиот Исток останува неизвесна, стотици македонски државјани чекаат организирано враќање во земјава. Според официјалните податоци, вкупно 632 граѓани побарале помош за евакуација, а дел од нив веќе се во постапка за транспорт.
Шест лица од Израел ќе бидат пренесени во Скопје со владиниот авион, додека останатите ќе се враќаат со чартер-летови што треба да се реализираат по завршување на постапката за јавна набавка, објави 4news.mk За организација на транспортот државата ќе издвои околу 60 милиони денари.
Од Министерството за надворешни работи информираат дека се финализираат техничките и логистичките детали за обезбедување на неколку чартер-летови, во координација со властите во Обединети Арапски Емирати и Катар. Поради итноста и променливата безбедносна состојба, постапката ќе се спроведе со скратени рокови согласно Законот за јавни набавки.
Интересот за евакуација од Емиратите постојано расте. Досега 477 македонски државјани побарале помош за враќање.
Помош за евакуација од Катар побарале 136 лица.
Во меѓувреме, во Израел дел од македонските граѓани самостојно организирале заминување. Шест лица на сопствен трошок заминале со комерцијални летови кон Скопје, додека уште шест, со асистенција на амбасадите, во текот на денот ќе бидат транспортирани по копнен пат кон Египет. Тие ќе бидат сместени на безбедна локација, по што се очекува утре со владиниот авион да полетаат кон Скопје.
Дополнително, дел од македонските државјани од Израел се евакуирале со авион на Ер Србија. Според информациите од српското Министерство за надворешни работи, државниот авиопревозник ноќеска слетал во Белград со 67 патници, меѓу кои имало и македонски граѓани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ прашува што слави ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар,…
Претседателот на Општинската организација на СДСМ Гостивар,…
Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е…
Министерот за здравство Сашо Клековски вечерва изјави…
МААЕ потврди: Во Сирија пронајден непријавен нуклеарен…
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) откри…
Бугарија испрати вербална нота во Србија –…
Бугарската амбасада во Белград им предаде вербална…
Граната од Првата светска војна пронајдена во…
На 17.08.2026 во 10:20 часот во Полициското…