Денес се празнува Свети Лав, епископ Катански

t

Свети Лав им беше добар пастир и милосрден наставник на луѓето во градот Катана под вулканската планина Етна. Многу се погрижи околу болните и сиромашните. Неговата ревност за верата беше исто толку голема како и неговото милосрдие кон неволните. Во тој град се појави еден маѓепсник Илиодор, кој го замајуваше народот со разни магиски вештини и ја развраќаше младежта во градот. Еднаш за време на литургија влезе во Божјиот храм и се зафати да волшебствува. Свети Лав му пристапи, го врза со едното крајче на својот омофор и го одведе на градскиот пазар. Овде нареди да се запали голем оган и кога огнот се разгоре, влезе самиот во него и го вовлече внатре и Илиодор. Илиодор сиот изгоре, а Свети Лав остана неначнат од огнот. Од ова сите што беа замајани од Илиодор и гледаа во него божество се засрамија. А милосрдниот и ревносен Лав се прочу по целото царство како голем чудотворец, којшто со своите пресветли чуда им помага на луѓето. По неговата смрт од неговите мошти потече исцелително миро. Се упокои во 8 век.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес се празнува Свети Лав, епископ Катански

Свети Лав им беше добар пастир и…

Денес се празнуваат Светите апостоли Архип, Филимон…

Архип беше еден од Седумдесеттемина. Апостол Павле…

Денес се празнува Свети Лав I, папа…

Роден е во Италија од благочестиви родители.…

Денес се празнува Светиот великомаченик Теодор Тирон

„Тирон“ значи „регрут“. Штотуку Свети Теодор беше…

Денес се празнуваат Светите Дванаесет маченици што…

Првиот од нив, Памфил, презвитер на Црквата…