Санчез по заканата од Трамп: Не за војната, не може да си играме со судбините на милиони луѓе
Шпанскиот премиер Педро Санчез се спротивстави на нападот врз Иран од страна на САД и Израел, предупредувајќи дека двете земји играат „руски рулет“ со животите на милиони луѓе.
Санчез се огласи откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ја прекине трговијата со Мадрид поради неговиот став за конфликтот.
„Вака почнуваат големите катастрофи на човештвото… Не можете да играте руски рулет со судбината на милиони луѓе“, рече Санчез во телевизиско обраќање до нацијата.
Тензиите меѓу двата сојузници на НАТО се зголемија откако Санчез го осуди бомбардирањето на Иран од страна на САД и Израел, нарекувајќи го неодговорно и нелегално, а подоцна забрани користење на американски авиони од поморските и воздушните бази во јужна Шпанија за напад врз Техеран.
Санчез рече дека светот не може да ги реши своите проблеми со конфликти и бомби.
„Ставот на шпанската влада може да се сумира во два збора: „Не на војната“, рече тој, додавајќи дека ставот не е лицемерен, туку кохерентен.
„Нема да бидеме соучесници во нешто што е лошо за светот или против нашите вредности и интереси само за да избегнеме одмазда“, рече Санчез, осврнувајќи се на трговските закани на Трамп.
Санчез потсети на негативните последици од американската инвазија на Ирак во 2003 година, што доведе до џихадистички тероризам и зголемување на цените на енергијата. САД и Велика Британија потоа го нападнаа Ирак тврдејќи дека има оружје за масовно уништување, а по атентатот врз претседателот Садам Хусеин и окупацијата на земјата, такво оружје никогаш не беше пронајдено.
Санчез предупреди дека причината и последиците од нападот врз Иран се исто нејасни и нема да доведат до пофер меѓународен поредок.
„Шпанија е против катастрофа од тековната војна на Блискиот Исток“, рече премиерот.
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави за шпанската јавна телевизија TVE дека причината за нападот врз Иран „не е воспоставување демократија“.
„Јасно е дека целта не е воспоставување демократија бидејќи нападите ги кршат човековите права. Затоа прашуваме, што стои зад овој напад?“, рече тој.
Тој истакна дека Шпанија е „суверена земја“ која донесува одлуки „во согласност со меѓународното право“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маѓар: Унгарија сака мир, затоа ѝ се…
Унгарија во денешниот несигурен свет има потреба…
Вештачење: Неспорно е дека на плафонот во…
Наодите во врска со материјалите употребени во…
Сообраќајка на крстосница во Скопје – настрада…
МВР информира дека синоќа околу 20:40 часот…
Америка крие тела на четири вида вонземјани,…
Научник, кој со децении работел со програмата…
Ислам Абази нема повторно да се кандидира…
На истекот на четиригодишниот мандат, актуелниот шеф…