Кибритен напад: Горење на кабли во Маџари предизвика ширење на густ црн чад
Во скопската населба Маџари, во близина на црквата позади железничките пруги, денеска е пријавено горење кабли, при што се создава густ црн чад што се шири во околината.
Како што е пријавено на бројот за итни случаи 112, лице на локацијата пали кабли, по што надлежните служби веднаш реагирале.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека противпожарната бригада и полициски екипи се веќе упатени кон местото на настанот со цел да се интервенира и да се утврдат околностите.
Засега нема информации за повредени лица, а се очекуваат повеќе детали по интервенцијата на надлежните служби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Tрамп објави нова слика, го прогласи Ормускиот…
Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави на…
ЕБР бара нови припадници – отворен интерен…
Министерството за внатрешни работи ги известува сите…
(Фото) Ветрот откорна дрво во Ѓорче Петров
Силниот ветер кој се чувствува во поголемиот…
ДВ: Бројни повици за угинати птици, АХВ…
По алармот за западнонилска треска, Агенцијата за храна…
Нема да има референдум за независност на…
Лидерот на сепаратистичката партија на Квебек, Пол…