Филипче поддржува протест за зголемување на минималната плата: Владата со изговори да не им се излезе во пресрет на граѓаните!

t

Во вечерашното издание на емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, се осврна на економските политики и минималната плата, оценувајќи дека таа е клучен показател за разликата меѓу, како што рече, политиките на неговата партија и на актуелната власт.

Тој потсети дека во периодот кога СДСМ била на власт минималната плата бележела значителен раст, особено во годините пред пандемијата, и додаде дека во изминатите две години, додека актуелната власт е на функција, нема зголемување на минималната плата. Според него, тоа покажува недоследност во пристапот кон работниците.

Филипче наведе дека СДСМ во минатото предложила минималната плата да достигне 500 евра, а сега предлага таа да биде 600 евра, образложувајќи дека граѓаните се соочуваат со реални трошоци за живот и дека со сегашното ниво на примања тешко се врзува „крај со крај“.

Тој предупреди и на можни економски последици од глобалните случувања, вклучително и зголемување на цените на енергенсите и храната, што дополнително би го оптоварило домашниот буџет.

Во своето излагање, Филипче ги спомена и протестите на работниците и земјоделците, наведувајќи дека СДСМ ги поддржува нивните барања. Според него, потребни се конкретни мерки за зголемување на платите и поддршка на секторите кои се соочуваат со предизвици, наместо, како што рече, барање изговори за непостапување.

Тој додаде дека економските политики треба да бидат насочени кон подобрување на животниот стандард на граѓаните и дека државните средства треба да се користат транспарентно и ефикасно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче поддржува протест за зголемување на минималната…

Во вечерашното издание на емисијата „Клик Плус“…

Цените на нафтата скокнаа до 84 долари…

Цените на нафтата на меѓународните пазари вчера…

Почина Благојче Трпевски, поранешен пратеник и долгогодишен…

Поранешниот пратеник и јавен работник Благојче Трпевски…

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани…

Попладнево успешно е завршен процесот на евакуација…

Трамп ја разреши „ICE Барбика“ Кристи Ноем…

Доналд Трамп, претседателот на САД, објави дека…