Златото поевтино од вчера, грам се тргува за 141 евро
Цената на златото на светските пазари останува на високо ниво, поттикната од зголемената побарувачка за сигурни инвестиции во време на економска неизвесност и геополитички тензии. Според последните податоци од меѓународните пазари, една унца злато (31,1 грам) се продава за околу 4.403 до 4.405 евра, што е близу до историски максимум. Во превод, еден грам чисто злато (24 карати) на глобалниот пазар вреди приближно 141 евра.
Финансиските аналитичари посочуваат дека растот на цената е резултат на комбинација од фактори – инфлација, нестабилни финансиски пазари и зголемено купување злато од страна на централните банки.
„Во периоди на глобална неизвесност инвеститорите традиционално се свртуваат кон златото како сигурно прибежиште за капиталот“, велат пазарни аналитичари.
Во последните години златото повторно станува една од најбараните инвестиции. На неговата цена директно влијаат неколку глобални фактори како инфлацијата и порастот на цените, каматните стапки на централните банки, вредноста на американскиот долар, геополитички конфликти и политичка нестабилност и зголемени резерви на злато кај централните банки. Во вакви услови, инвеститорите често ги намалуваат вложувањата во поризични средства како акции или криптовалути и се префрлаат кон благородни метали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Очекуваме раст на БДП меѓу 3,5…
Очекуваме годината да ја завршиме со раст…
БДП пораснал за 4,3% во второто тримесечје…
Државниот завод за статистика (ДЗC) објави дека…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…
Зиков: ДОЗВОЛЕТЕ ДАТА ЦЕНТРИ, не се живее…
*Објава на Фејсбук на Љупчо Зиков Во…
Димовски во ТИРЗ Струмица: Работиме на создавање…
Активно се работи на дополнително подобрување на…