Со крвави раце, жените од СДСМ побараа оставка од Тошковски
Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова, на денешната прес-конференција побара одговорност од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по серијата трагедии поврзани со семејно насилство и институционални пропусти.
-Уште колку животи треба да згаснат за одговорност? Уште колку трагедии треба да се случат за Панче Тошковски да поднесе оставка? – порача Шукова.
Таа истакна дека јавноста е во тага, шок и гнев по последната трагедија во скопската населба Карпош, каде животите ги загубија мајка и нејзината малолетна ќерка.
-МВР на Панче Тошковски не ги заштити. Имало 12 пријави за две години за семејно, физичко и психичко насилство врз младата Ивана – рече Шукова, прашувајќи колку жени пријавуваат семејно насилство, а институциите не реагираат навремено и соодветно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…
Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…
ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…
СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…
Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…
СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…
ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…
ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…