Исплатени над 917 милиони денари поврат на ДДВ преку МојДДВ за четвртиот квартал од 2025 година

t

Управата за јавни приходи информира дека за скенирани фискални сметки преку апликацијата МојДДВ за четвртиот квартал од 2025 година се исплатени 917.518.916 денари на 521.263 граѓани.

Овие средства претставуваат директна финансиска поддршка за граѓаните, која се враќа во нивните семејни буџети, но и силна потврда дека граѓаните активно учествуваат во градењето на фер и транспарентен даночен систем.

Исплатата на средствата се реализира согласно законскиот рок од 60 дена по завршување на кварталот.

Во текот на процесот на исплата е утврдено дека 4.966 корисници имаат внесено неточна трансакциска сметка, поради што исплатата на средствата во моментов не може да се реализира.

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните кои сè уште немаат добиено поврат на средства да ги проверат и ажурираат податоците за својата трансакциска сметка директно во апликацијата МојДДВ, со цел средствата да им бидат исплатени без одложување.

Управата за јавни приходи останува посветена на транспарентно и навремено информирање на јавноста и на унапредување на услугите за граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Исплатени над 917 милиони денари поврат на…

Управата за јавни приходи информира дека за…

(Видео) Левица предлага двојно зголемување на сумата…

На денешната прес-конференција, пратеникот од Левица, Реџеп…

Почнува процесот за враќање на солидарниот данок,…

– Државата во текот на следниот месец…

Државата две години не им го враќа…

Државата нема вратено данок на вработените на…

Нулта толеранција за корупција, пресумпција на невиност…

Управата за јавни приходи ја информира јавноста…