СДСМ го откажува традиционалниот марш за 8 Март, ќе се приклучи на протестот „Нема да не снема“

t

СДСМ го откажува традиционалниот марш за 8 Март што требаше да се одржи утре во Богданци и се приклучува на протестот „Нема да не снема“, соопшти денеска претседателот на партијата, Венко Филипче.

Како што истакна Филипче на прес-коференција, СДСМ утре ќе биде со граѓаните.

-И оваа година требаше да го одбележиме 8 Март, но трагичниот настан во Скопје, смртта на мајката и детето, длабоко не потресе. Ова не е индивидуална трагедија, туку уште еден доказ за системскиот проблем за насилство врз жените, за неадекватна ракција на институциите и за нивниот неупсех да се справат со овој проблем. Ќе бидеме како граѓани заедно со граѓаните за да кажеме дека е доста од мртви жени и деца поради нереагирање на институциите, истакна Филипче.

Тој потенцира дека СДСМ не е дел од организаторите на утрешниот протест, туку нејзините членови и симпатизери само се приклучуваат како граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ го откажува традиционалниот марш за 8…

СДСМ го откажува традиционалниот марш за 8…

ПРОТЕСТ ПРЕД БАЗАТА НА „БЕХТЕЛ И ЕНКА“:…

Околу 50 работници од тетовско-гостиварскиот регион денеска…

Војната со Иран го понижи потпретседателот на…

Судирот со Иран, во кој Соединетите Американски…

Исплатени над 917 милиони денари поврат на…

Управата за јавни приходи информира дека за…

Тошковски: Вчера две лица приведени поради семејно…

„Во текот на вчерашниот ден, две лица…