Нов удар врз нафтениот пазар: Кувајт превентивно го намали производството на нафта
Кувајт превентивно ја намали производството на сурова нафта и протокот во рафинериите поради растечките безбедносни тензии во Персискиот залив, соопшти државната компанија Kuwait Petroleum Corporation (KPC).
Од компанијата наведуваат дека мерката е дел од стратегијата за управување со ризици и обезбедување континуитет во работењето во услови на зголемена нестабилност во регионот, поврзана со конфликтите и нападите на Блискиот Исток.
Во соопштението се посочува дека дополнителна загриженост претставуваат заканите за безбедното движење на бродовите низ Ормускиот теснец – една од најважните светски рути за транспорт на енергенси.
Преку Ормускиот теснец поминува значителен дел од глобалната трговија со нафта, па секоја ескалација на тензиите во регионот може да има директно влијание врз светските пазари на енергија.
Од KPC нагласуваат дека намалувањето на производството е превентивна мерка чија цел е да се минимизираат можните ризици во снабдувањето и логистиката доколку безбедносната ситуација дополнително се влоши.
Кувајт е еден од клучните извозници на нафта во рамките на ОПЕК и дневно произведува повеќе од два и пол милиони барели сурова нафта, поради што секоја промена во производството или транспортот внимателно се следи од глобалните пазари.
Енергетските аналитичари предупредуваат дека доколку тензиите во Персискиот залив продолжат да растат, тоа може да предизвика нов притисок врз цените на нафтата и дополнителна нестабилност на светските енергетски пазари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со…
Министерството за здравство спроведува две клучни мерки…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
АЛТА банка денес изврши исплата на средства…
Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…