Мицкоски: Штета би било да не се стави во некоја рамка идејата за членство во ЕУ без право на глас и вето
Штета би било да не се реализира идејата за проширување на ЕУ како план Б со земји кои можат да станат членки но да немаат право на глас и на Вето вака премиерот Мицкоски ја коментира средбата на амбасадорите на ЕУ со шефот на кабинетот на претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен – Бјорн Зајбер а за која пишуваа дел од медиумите. Сепак премиерот Мицкоски остана воздржан од коментари по ваквиот текст објавен на Политико потенцирајќи дека не сака да коментира новинарски текстови и наслови .
Дел од аналитичарите пак со свои гледишта. Во разговор за ТВ 24 надворешно политичкиот коментатор Љубомир Гајдов вели не очекува дека ЕУ долго ќе опстои на оваа одлука бидејќи и самите случувања на глобално и светско ниво, како војната во Украина но и на Блискиот Исток наметнуваат теми за кои мора да се носат мудри одлуки .
Сепак ова сценарио за кое пишуваше и Политико како што се наведуваше и во текстот е само едено од неколкуте кои биле ставени на маса . Сепак и покрај овој план тука биле отворени и разгледани и постоечкото се уште актуелно сценарио на статус кво кое подразбира одржување на постојните правила и членство во ЕУ врз основа на заслуги. Но и сценариото кое подразбира систематска и постепена интеграција во одредени европски политики, во согласност со напредокот што го постигнале државите.
Во последната изјава и за БГНЕС известувачот за Македонија Вајц уште еднаш ги потврди позициите на ЕУ дека за Македонија нема евроинтегративни процеси без уставни измени .
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Ученик пукал во училиште на Филипините,…
Ученик вооружен со пиштол и пушка утрово…
Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…
Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…
Речиси цела држава во зона со висок…
Според метеоролошкиот индекс на пожар, речиси целата…
Секретарот Кенеди : Ковид-19 имаше симулација по…
Под водство на Гејтс, во средината на…
Се тепале колеги болничари во болницата во…
На 17.08.2026 во 09:20 часот во Полициската…