Бехтел и Енка откако отпуштија педесетина работници: Владата не должи ништо, продолжуваме со проектот
Проектот продолжува да постигнува добар напредок и потврдуваме дека сите фактури до овој датум се целосно платени од страна на Владата, се наведува во одговорот на градежната компанија Бехтел и Енка по повод отпуштањето на педесетина работници од гостиварско тетовскиот регион кои работат на автопатските делници од Коридорот 8.
Портпаролот на Бехтел-Енка на барање на МИА во врска со отказите кои беа врачени на педесетина вработени, одговори:
– Горди сме на нашето наследство низ Централна и Источна Европа, испорачувајќи стотици километри големи автопатишта, давајќи приоритет на локалните работници и поддржувајќи ги локалните заедници и бизниси.
Таа потврди дека проектот продолжува да постигнува добар напредок и дека остануваат посветени на партнерство со Владата за да се испорача автопатска инфраструктура што ја зајакнува поврзаноста, ја поддржува локалната вработеност и придонесува за економски раст. Од меѓународната компанија беа децидни и потврдија дека сите фактури до овој датум се целосно платени од страна на Владата.
Тесно соработуваме со Владата на Македонија за да ги усогласиме градежните активности со тековните национални приоритети. Ова вклучува усогласување на нивоата на работна сила во различни фази од проектот за да се задоволат оперативните потреби, рекоа од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бехтел и Енка откако отпуштија педесетина работници:…
Проектот продолжува да постигнува добар напредок и…
Мицкоски: Младите и спортот се приоритет на…
Oд името на Владата можам да кажам…
Владата им ги зема лиценците за канабис…
Државата повеќе нема да гледа настрана онаму…
Симонов за Кочоска: Никој до сега, ниту…
Никој до сега, ниту една Влада, ниту…
Жерновски: Скандал, портпаролката на Владата, Митева потврди…
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј…