Објавено на:

ССМ повикува на масовен протест: Борба за повисоки плати за најсиромашните работници

t

Околу 154, 408 работници во Македонија примаат плата под 30.000 денари и имаат голема причина да излезат на протест за зголемување на минималната плата, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Според податоците на Управата за јавни приходи, вкупниот број на работници во земјата изнесува 503.031, што значи дека речиси една третина од нив живее со примања под прагот на сиромаштија, кој изнесува 31.200 денари. Тоа покажува дека многу работници, и покрај тоа што работат, се наоѓаат во сиромаштија.

ССМ потенцира дека зголемувањето на минималната плата ќе значи директно зголемување на платите за овие 154.408 работници и ќе влијае на покачување на платите и во други сектори. „Борбата за повисоки плати е борба за достоинствен живот на работниците, а секој има право да се бори за својата плата“, наведуваат од синдикатот.

Протестот е закажан за 14 март, со почеток во 12:05 часот пред Работничкиот дом во Скопје, и ќе продолжи пред Собранието, Стопанската комора и Владата.

ССМ ги повикува сите работници, нивните семејства, како и оние 154.408 работници со плата под 30.000 денари, да се придружат во борбата за зголемување на минималната плата и подобрување на условите за работа.

„Зголемувањето на минималната плата не е само побарање на синдикатите, тоа е право на секој работник за достоинствен живот и за поголема економска сигурност“, заклучува ССМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ССМ повикува на масовен протест: Борба за…

Околу 154, 408 работници во Македонија примаат…

Колони на бензинските пумпи пред покачувањето на…

Поради најавеното поскапување на горивата од вечерва…

За 8 март дури осум пријави за…

На 08.03.2026 во 23:00 часот во Скопје,…

Калас: Европската Унија мора да го забрза…

ЕУ мора да го забрза процесот на…

15-годишна насилничка од Тетовско натепала жена, па…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 15-годишно…