Разговараа Трамп и Путин – ова се деталите
Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, денес одржаа телефонски разговор кој траел околу еден час, фокусирајќи се на тековните меѓународни кризи и билатерални прашања.
Според извештаите, централни теми биле ситуацијата во Иран, конфликтот во Украина и состојбата на светскиот пазар на нафта, вклучувајќи ја и Венецуела. Помошникот на Путин, Јуриј Ушаков, изјави дека Трамп ја споделил својата проценка за развојот на ситуацијата во Иран во контекст на американско-израелските операции.
Двајцата лидери се согласија за потребата од редовна комуникација и изразија подготвеност за континуирани контакти. Ушаков посочи дека разговорот бил деловен и конструктивен, а Трамп ја повторил својата заложба за завршување на конфликтот во Украина преку брз прекин на огнот и трајно решение.
Рускиот претседател, од своја страна, изразил позитивни оценки за посредничките напори на САД и лично Трамп во решавањето на украинскиот конфликт. Дополнително, двајцата лидери разговарале и за ситуацијата во Венецуела, особено во контекст на влијанието врз глобалниот енергетски пазар.
Ушаков нагласи дека разговорот бил информативен и дека ќе има практични импликации за идната соработка меѓу Русија и САД на меѓународната сцена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…