Објавено на:

Драстичен пад на нафтата на светските берзи!

t

Цената на Brent Crude Oil бележи значителен пад на светските берзи во текот на последните 24 часа, при што барелот се спушти на околу 85 долари.

Според податоците од тргувањето со фјучерс договори, цената на нафтата изнесува околу 85,10 долари за барел, што претставува дневен пад од 2,41 проценти, односно намалување од 2,10 долари во однос на претходното затворање, кога барелот се тргуваше по 87,20 долари.

Графиконот од последното деноноќие покажува уште поизразен пад ако се земе предвид нивото од претходната ноќ. Според движењето на пазарот, цената на нафтата од речиси 110 долари за барел, колку што изнесувала околу полноќ, постепено се намалувала во текот на денот, за попладнево да падне и под границата од 85 долари.

Пазарните аналитичари посочуваат дека ваквите нагли осцилации се резултат на комбинација од геополитички случувања, движењата на глобалната понуда и побарувачка, како и реакциите на инвеститорите на меѓународните енергетски пазари.

Во Македонија, цените на горивата се коригираат еднаш неделно од страна на Регулаторна комисија за енергетика. Доколку трендот на пониски цени на нафтата се задржи до следниот понеделник, можно е да се очекува поевтинување на горивата и во малопродажба на домашниот пазар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драстичен пад на нафтата на светските берзи!

Цената на Brent Crude Oil бележи значителен…

Разговараа Трамп и Путин – ова се…

Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп…

Тајмс оф Израел: Новиот ирански лидер е…

Иранската државна телевизија, позната како „Гласот на…

Хаос во Штип: Лажно се претставил како…

Полицијата приведе 46-годишен маж од Штип кој…

Орбан: Унгарија од полноќ воведува ограничување на…

Унгарската влада ќе ги ограничи цените на…