Возел со 2,35 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

t

На 09.03.2026 во 21:25 часот во с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишија од слобода И.Д.(43) од Гевгелија. Претходно, околу 21:00 часот во с.Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица дале знак за запирање на патничко возило „алфа ромео“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал, но тој не застанал со возилото и веднаш потоа изгубил контрола и со возилото удрил во споменик во центарот на селото. Притоа, тој се здобил со повреди и му била укажана лекарска помош од екипа на Итна медицинска помош Гевгелија. Додека, по преземени мерки е констатирано дека го управувал возилото со 2,35 промили алкохол во крвта и дека регистарските таблички припаѓале на друго возило. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца полицајци нападнати во Липково

Двајца полицајци вчера биле нападнати во Липково.…

43-годишен битолчанец пронајден починат во автосервис, наредена…

Четириесет и тригодишен жител на Битола бил…

Дете со тешки повреди пренесено во болница,…

На 28.09.2026 во 10:30 часот во СВР…

19-годишен кумановец е уапсен, на улица нападнал…

Тинејџер на возраст од 19 години вчера…