На дневен ред предлозите на Левица за дуплирање на повратот на ДДВ и помал товар за малите фирми

t

Денес на дневен ред во Собранието се предлозите на Левица за дуплирање на повратот на ДДВ и помал товар за малите фирми, информираа од партијата.

– Во време кога граѓаните се соочуваат со ценовни шокови, раст на сметките и постојана инфлација што го нагризува семејниот буџет, денес во Собранието на Република Македонија на дневен ред се предлог-законските измени поднесени од пратеничката група на #Левица, со кои се предлага финансиско олеснување за граѓаните и за малите бизниси.

Првата измена предвидува двојно зголемување на повратот на ДДВ за граѓаните на тромесечје преку системот „Мој ДДВ“ и зголемување на процентот на поврат преку апликацијата „Мој ДДВ“: од 20% на 40% за македонски производи и од 10% на 20% за останатите.

Втората мерка е насочена кон малите фирми, семејните бизниси, занаетчиите и земјоделците – луѓето кои со сопствениот труд ја движат економијата, но се оставени сами под товарот на бирократијата и неправедниот даночен систем. Левица предлага зголемување на прагот за задолжителна регистрација за ДДВ-обврзник од 2 на 4 милиони денари со што илјадници мали економски субјекти ќе бидат ослободени од обврската да влегуваат во сложениот ДДВ-систем. Наместо државата да ги задушува најмалите економски субјекти со непропорционални обврски и трошоци, оваа мерка создава простор тие да се развиваат, да опстанат на пазарот и да го вложуваат својот труд и ресурси во работа, а не во администрација.

Овие предлози се едноставни и разбирливи – повеќе пари назад кај граѓаните и помал притисок врз малите бизниси. Тоа е и суштината на една праведна економска политика – државата да не го товари обичниот човек и малиот стопанственик, додека големите корпорации уживаат бројни привилегии и олеснувања.

Токму затоа, денешната седница во Собранието е тест за политичката искреност на власта, дали ќе поддржи мерки што директно им помагаат на граѓаните или повторно ќе надвладее старата пракса на партиска суета и автоматско одбивање на сè што доаѓа од опозицијата.

Левица упатува јасен апел до пратениците од ДПМНЕ да ја остават на страна теснопартиската логика и да гласаат во интерес на граѓаните, работниците и малите стопанственици. Во време кога семејствата се борат со растечки трошоци за живот, а малите фирми едвај опстануваат под товарот на инфлацијата, најмалку што може да направи Собранието е да поддржи мерки што носат реално и непосредно олеснување.

Овие предлози отвораат и една поширока дебата: кој навистина го носи товарот на даночниот систем во Македонија? Денес најголемиот притисок паѓа врз граѓаните, работниците и малите економски субјекти, додека крупниот капитал и привилегираните интереси се заштитени со низа олеснувања и субвенции. Таквиот систем е неправеден и неодржлив.

Затоа, Левица ќе продолжи да се бори за прогресивен и праведен даночен систем, во кој товарот нема да паѓа врз оние што најмалку можат да го поднесат, туку ќе биде распределен според економската моќ. Државата мора да работи во интерес на мнозинството, на работниците, граѓаните и малите стопанственици, а не во корист на привилегираните малцинства. – соопштија од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На дневен ред предлозите на Левица за…

Денес на дневен ред во Собранието се…

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка…

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка…

(Видео) Левица предлага двојно зголемување на сумата…

На денешната прес-конференција, пратеникот од Левица, Реџеп…

Расправа за намалување на платите на функционерите…

Собранието денеска треба да ја одржи својата…

Симонов за Кочоска: Никој до сега, ниту…

Никој до сега, ниту една Влада, ниту…