МНР го објави договорот – Еве колку чини евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток
Министерството за надворешни работи го објави договорот кој беше итно склучен за евакуација на македонските државјани од земјите од Блискиот Исток поради воените дејствија во Иран. Според објавеното, авионите се изнајмени за речиси 60 милиони денари.

Во образложението на МНТ се наведува:
Во врска со актуелната состојба на Блискиот исток поради што голем број на македонски државјани се затекнати во земјите кои се под напад или опасност од натамношни напади од страна на Иран, од почетокот на конфликтот досега, вкупно 473 македонски државјани ги контактирале дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Тел Авив, Доха и Абу Даби и побарале евакуација, поради што Амбасадите секојдневно комуницираат со нашите државјани и прибираат податоци и барања за евакуација од регионот, односно од Израел, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Кувајт и Бахреин, но во моментов не постојат можности за евакуација по воздушен пат.
Со оглед дека МНРИНТ е во постојана комуникација со надлежните органи од овие држави и се очекува наскоро да се овозможат безбедни воздушни коридори за евакуација на затекнатите странски државјани, вклучително и македонските, се наметнува итна потреба од навремена подготовка за обезбедување на превозно средство авион за превземање на нашите државјани од регионот, заради што врз основа на Заклучокот на Влада број 57-2493/1 од 154-а седница од 03.03.2026 година, точка 59, неопходно е да се спроведе итна јавна набавка согласно член 55 од Законот за јавни набавки (*) („Службен весник на РМ” бр. 24/19 и „Службен весник на РСМ” бр. 87/21 и 14/25), кој гласи: „Договорниот орган може да спроведе постапка сco преговарање без објавување оглас за јавна набавка за стоки, услуги или работи доколку поради крајна итност, предизвикана како резултат на настани кои Договорниот орган не можел да ги предвиди, роковите за другите постапки не може да се применат. Околностите со кои се оправдува крајната итност во никој случај не смеат да бидат такви за да му се припишат на договорниот орган.” Исто така, „по исклучок на ставот (5) од овој член, договорниот орган нема обврска да добие претходно мислење пред да спроведе постапка со преговарање без претходно објавување оглас врз основа на став (1) точка г) од овој член доколку директно се загрозени безбедноста, животот и здравјето на луѓето”.
Имајќи во предвид дека МНРиНТ спроведе претходна постапка за јавна набавка со преговарање без објава на оглас во која не беше обезбедена ниту една понуда во предвидениот рок, Комисијата за јавни набавки предложи да се отпочне нова постапка со преговарање без објавување на Оглас до изнаоѓање на прифатлива понуда
Со оглед на потешкотиите во актуелниот момент да се изнајде авио превоз за предметната цел од предметот на јавната набавка, понуда (и) може да се обезбедат од посредничка агенција или директно од авио компании.
Со оглед на горе наведеното се одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.
До овој момент се евакуирани голем дел од македонските државјани кои бараа помош за напуштање на ризичните земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МНР го објави договорот – Еве колку…
Министерството за надворешни работи го објави договорот…
Синот на Хамнеи е жив и здрав,…
Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи,…
МНР: Евакуирани уште 150 патници со лет…
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…
Хегсет: Ова ќе биде „најинтензивниот ден“ на…
Денес ќе биде „најинтензивниот ден на напади“…
Иран не бара прекин на огнот, Израел…
Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Бакер Калибаф,…