ДКСК: Нема судир на интереси кај Томовски со фирмата „Сити аутсорсинг“

t

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница не утврдила судир на интереси кај директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски и фирмата „Сити аутсорсинг“, за која опозициската СДСМ тврдеше дека е на неговиот татко и дека добивала тендери од државни институции. Постапката што ја водеше Антикорупциската комисија е запрена.

Софија Спасовска-Медарска, член на ДКСК, вели дека во минатото постоела поврзаност на членови на семејството на актуелниот директор со тоа трговско друштво, но во моментов таква поврзаност нема.

За тврдењата дека новиот сопственик е близок со Томовски, според антикорупционерите, не може да се проверува бидејќи во Законот за спречување на корупција и судир на интереси, пријателските односи не се сметаат за блиски лица.

Случајот во декември минатата година го отвори опозицискиот СДСМ кој тврдеше дека фирмата „Ситу аутсорсинг“ е поврзана со семејството на Томовски и добила 161 тендер од државни институции вредни 5,3 милиони евра.

Томовски ги отфрли обвинувањата и рече дека никој од неговото потесно семејство нема сопствеништво во фирмата што е посочена од партијата.

Ги повика ДКСК и Јавното обвинителство да покренат случај и што побрзо да го решат, затоа што само така, како што додаде, може да ја докаже својата невиност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: СДСМ нема да биде алиби за…

СДСМ нема да биде алиби на власта…

Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…

Мицкоски: Намерата на СДСМ за Гостивар не…

Премиерот Христијан Мицкоски го повика Обвинителството да…

СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар…

Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон…

Савески да постапи по кривичните пријави од…

Поминаа повеќе од пет недели од здравствената…