Земјите-членки на Меѓународната агенција за енергетика одлучија да почнат со најголемото ослободување на резерви на нафта во историјата

t

Земјите-членки на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) едногласно одлучија да почнат со најголемото ослободување на резерви за итни случаи во историјата на организацијата. Oва го потврди извршниот директор на ИЕА, Фатих Бирол.

„Земјите на ИЕА ќе ослободат 400 милиони барели нафта за да го надоместат изгубеното снабдување поради виртуелното затворање на Ормутскиот теснец“, рече Бирол.

ИЕА потврди дека рекордни 400 милиони барели сурова нафта од резервите за итни случаи ќе бидат ослободени на пазарот за да се ублажат прекините во снабдувањето предизвикани од војната. Агенцијата вели дека резервите ќе бидат ослободени на пазарот во временска рамка што одговара на околностите на секоја поединечна земја-членка.

Војната што започна на 28 февруари сериозно го наруши протокот на нафта низ Ормускиот теснец. Според ИЕА, Азија во моментов е најтешко погодена.

Ова е шеста координирана акција за ослободување на стратешки резерви откако ИЕА беше основана во 1974 година. Претходно, вакви мерки беа преземени во 1991 година за време на првата Заливска војна, во 2005 година по ураганот Катрина во Соединетите Американски Држави, во 2011 година за време на војната во Либија и двапати во 2022 година по руската инвазија на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјите-членки на Меѓународната агенција за енергетика одлучија…

Земјите-членки на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА)…

Мицкоски на средба со претставници на големите…

Имав средба со големите маркети. Активно ја…

Израел веќе не е сигурен дали нападите…

Израел не е сигурен дали војната против…

Кочани остана без дизел: Бензинските пумпи велат…

Граѓаните на Кочани денеска се соочуваат со…

Двајца украински воени пензионери се обвинети за…

Двајца украински државјани се обвинети за шпионажа…