Иран се заканува со одмазда доколку неговите пристаништа бидат нападнати
Револуционерна гарда денеска предупреди на масовни одмазднички напади доколку пристаништата во земјата бидат подложени на напад, пренесе ДПА.
Портпаролот на вооружените сили, Аболфазл Шекарчи, изјави дека доколку се остварат американските закани против иранските пристаништа, ниту едно пристаниште, економски центар или локација во Заливот нема да остане безбедна, според изјавите пренесени од новинската агенција „Фарс“, која е блиска до Револуционерната гарда.
– Тие би станале легитимни цели за вооружените сили – рече Шекарчи.
Предупредувањето дојде откако Централната команда на американската војска (CENTCOM) ги предупреди цивилите дека Иран ги користи цивилните пристаништа долж Ормускиот теснец за воени операции.
Според CENTCOM, таквите активности ја загрозуваат меѓународната пловидба и животите на невини луѓе. Цивилните пристаништа што се користат за воени цели го губат својот заштитен статус и стануваат легитимни воени цели според меѓународното право, соопшти командата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дел од Гази Баба утре ќе остане…
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на…
Украинец уапсен во Хрватска поради наводна саботажа…
Украински државјанин е уапсен во Хрватска поради…
Клековски: Формирана комисија за надзор над случајот…
Формирана е комисија за надзор над случајот…
Возач прегазил 10 годишно дете во Градско…
МВР информира дека вчера попладне во СВР…
Романија би можела да го воведе еврото…
Романија би можела да го усвои еврото…