Објавено на:

Милановиќ: Европа е глутница домашни мачки; Фон дер Лајен е бирократ

t

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денес остро ја критикуваше безбедносната политика на Европската Унија, нарекувајќи ја „глутница домашни мачки“, а претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен ја нарече обичен „бирократ“.

„Европа е глутница домашни мачки, секоја ќе си оди по својот пат, тие не се волци“, изјави Милановиќ за новинарите на Загрепскиот саем, наведувајќи го како пример германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој, како што рече, „само се насмевна додека Трамп ја критикуваше Шпанија“.
„Хрватска е држава, нејзиниот историски идентитет не ѝ дозволува да води заедничка надворешна политика со Естонија и Португалија, тоа е надвор од разумот. Урсула фон дер Лајен е бирократ, таа нема авторитет за мене. Безбедносната ситуација и приграбувањето на власта се променија“, рече Милановиќ.

Во врска со поканата од израелскиот амбасадор Гари Корен за разговор во Пантовчак, Милановиќ рече дека можел да одбие и дека неговите соработници кажале сè за тоа.

„Не сакаме странски инфекции и бактерии во Хрватска, ниту ирански ниту израелски. Нека господата се однесуваат соодветно, ако не го прават тоа, тоа значи дека владата ги толерира. Тој функционер од Тел Авив или каде и да е, рече дека тоа (Иранската амбасада) е терористичко дувло во средината на Загреб. Да ги растераме, не ни треба израелски амбасадор, ционист, не ни треба тоа. Ако е така? Дали е така?“, праша Милановиќ и продолжи:

„Немаме никакви посебни односи (со Иран). Тоа е земја-членка на ОН која беше нападната без мандат на ОН. Такво јавно вознемирување – има некои ирански терористи, нека ја остават својата нечистотија и валканица таму од каде што дојдоа. Иран не дејствува терористички во Европа, барем колку што знам јас.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милановиќ: Европа е глутница домашни мачки; Фон…

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денес остро ја…

Војската на Србија е прва во Европа…

Српските вооружени сили се првата вооружена сила…

Индија го ограничува течниот гас за готвење,…

Здруженијата на ресторани и угостителски објекти низ…

Хезболах започна масовни воздушни напади врз Израел

Либанското шиитско движење Хезболах објави почеток на…

Виткоф: Иран одби две американски барања за…

Иран наводно отфрлил две барања за прекин…