Објавено на:

САД привремено дозволуваат продажба на руска нафта што веќе е во транзит, за стабилизирање на состојбите

t

Соединетите Американски Држави издадоа нова општа лиценца со која привремено се одобрува продажба на руска сурова нафта и нафтени производи натоварени на бродови до 11 април, соопшти Министерството за финансии на САД на својата веб-страница.

Министерот за финансии на САД, Скот Бесант, изјави дека мерката има за цел зачувување на стабилноста на глобалниот енергетски пазар и одржување на пониските цени на енергијата во време на зголемена нестабилност, пренесува Си-ен-би-си.

Според него, привременото овластување им овозможува на земјите да купуваат руска нафта што веќе е во транзит и моментално е на море, со цел да се зголеми достапноста на постојните залихи на светскиот пазар.

Бесант рече дека ова е тесно ограничена и краткорочна мерка што се однесува исклучиво на нафта што веќе е испорачана и дека нема да донесе значителни финансиски придобивки за руската влада, бидејќи најголемиот дел од своите приходи ги генерира од енергетскиот сектор преку даноци пресметани на местото на експлоатација.

Тој додаде дека енергетската политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го доведе производството на нафта и гас во САД на рекордни нивоа, што придонесе за пониски цени на горивата за американските потрошувачи.

Бесант, исто така, оцени дека неодамнешното зголемување на цените на нафтата е привремено нарушување на пазарот кое, како што изјави, би можело да ѝ користи на американската економија на долг рок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Си Џинпинг до Трамп: Односите меѓу Кина…

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга…

Трамп: Вештачката интелигенција ќе биде главна тема…

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека вештачката…

ВЛЕН: Партнерството со САД и проширувањето на…

Од Вашингтон до Њујорк, првиот вицепремиер и…

Руте ги прозва Европејците: Чекате Америка да…

„Зошто сите повторно се свртуваат кон САД…

Рубио: Русија и Украина се заинтересирани за…

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…