Ердоган: Турција нема да биде вовлечена во војна со Иран по ракетниот инцидент
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција нема да биде вовлечена во војната меѓу Иран, Израел и САД, но дека е подготвена да одговори на сите закани откако беше пресретната трета иранска балистичка ракета лансирана кон Турција.
– Во текот на овој процес, ги преземаме сите превентивни мерки против какви било закани за нашиот воздушен простор, токму како што направивме синоќа – рече Ердоган.
Ердоган истакна дека главната цел на турските власти е земјата да не биде вовлечена во војна. Балистичката ракета лансирана од Иран, која влегла во турскиот воздушен простор, била неутрализирана од елементите за воздушна и ракетна одбрана на НАТО распоредени во источниот Медитеран, соопшти денеска турското Министерство за одбрана.
Во соопштението се наведува дека Анкара одлучно ги презема сите потребни мерки против секоја закана насочена кон нејзината територија и воздушен простор, пренесе агенцијата Анадолија. Министерството истакнува дека во тек се разговори за да се разјаснат околностите на инцидентот.
Турските власти истакнуваат дека внимателно ги следат развојот на настаните во регионот и оти заштитата на националната безбедност е нивен приоритет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цената на нафтата расте трет ден по…
Нафтата продолжува да расте поради застојот во…
Пожарникарите ноќеска имаа тешка битка со огнот…
Пожарникарите синоќа имаа тешка битка со огнот…
(Видео) Кина првпат успеа да врати дел…
Кина првпат успешно го врати првиот степен…
ОАЕ: Две ракети од Иран паднаа во…
Обединетите Арапски Емирати објавија дека откриле две…
„Ер трактор“ падна во морето во Грција:…
Уште еден инцидент со летало за гаснење…