Владата одлучи: Заловените крави од Крива Паланка ќе се продаваат на јавен оглас!
Владата донесе одлука Агенцијата за храна и ветеринарство да ги продава заловените крави од Крива Паланка преку јавен оглас, на кој ќе можат да се пријават регистрирани кланици и месарници.
Од агенцијата велат дека досега се фатени 84 крави, кои по извршен здравствен преглед ќе бидат понудени на продажба. Оваа мерка доаѓа во услови кога, според проценките, во регионот има околу 600 крави кои долго време шетаат без надзор и предизвикуваат материјални штети.
Градоначалникот Сашко Митовски изрази загриженост дека поранешните сопственици ги колат животните и ги продаваат на црниот пазар, што дополнително ја влошува ситуацијата.
Одлуката ќе важи не само за кравите од Крива Паланка, туку и за сите животни што ќе се одземат од неодговорни сопственици согласно Законот за благосостојба на животните.
Целта на мерката е да се спречи понатамошно штетно постапување со животните и да се обезбеди нивна одговорна продажба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ ВО БЕЛГРАД: Oбвинител го…
Вистинска драма се одвивала доцна вечерта на…
Ајзенкот: Нетанјаху мора да биде сменет по…
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за…
ЕФА алармира за ескалација на заплашувањето и…
Работната група за јазични и малцински права…
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство…
Оливер Миланов си поднесе оставка од директорската…
Поранешната портпаролка на Зеленски e осомничена за…
Службата за безбедност на Украина (СБУ) и…