Протест за поголеми работнички плати денес во 12 часот во Скопје!
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) на 14.03.2026 година (сабота), со почеток во 12.05 часот во Скопје пред Работничкиот дом, зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија, која се наоѓа на поранешната ул. “12-та Македонска Ударна Бригада” 2-а, односно сегашна ул. “Мирче Ацев” бр.4 во Скопје-Центар го започнува новиот голем работнички протест за зголемување на работничките плати.
Протестот се предвидува да продолжи по улиците “Филип Втори Македонски”, “11-ти Октомври”, “Димитрие Чуповски”, “Даме Груев”, Булевар “ВМРО” и да заврши на Булевар “Илинден” пред Владата на Република Северна Македонија .
Предвидено е запирање пред Собранието на Република Македонија, пред Стопанската комора и пред Владата на Македонија каде ССМ и работниците ќе ги испратат главните пораки на најголемите виновници кои низ годините предизвикаа нашите работници веќе подолг временски период да не живеат, туку само да се обидуваат да преживеат како знаат и умеат, бидејќи нивните платите не ги следат реалните трошоци на животот.
И покрај сите аргументи за зголемување на платите кои ССМ ги истакна на Собранието, Владата и Работодавачите, истите наместо барање на вистински решенија кои би означувале исполнување на очекувањата на работниците за зголемување на минималната плата и на сите останати плати онака како што побара од нив и Сојузот на Синдикатите на Македонија одлучија да молчат и да ги игнорираат барањата на работниците, предизвикувајќи уште поголем револт кој ќе биде покажан за време на работничкиот протест, затоа што е јасно дека повеќе нема страв и дека кога Владата и газдите не слушаат, тогаш работниците и синдикатите ќе зборуваат на улица.
Соопштение на ССМ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
Просечната нето-плата во јули достигна 48.499 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во…
Синдикалната кошница порасна на 69.432 денари –…
Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…