(Видео) Тага, плач и лелек во Кочани, родителите неутешни: Ангели вечна ви слава, ве сакаме

t

Неутешни родители, семејства, роднини и пријатели се собраа на кочанските гробишта во алејата на ангелите, на годишнината од смртта на 63 лица кои загинаа како последица на трагедијата во „Пулс“. Солзи, тага, лелеци и болки. Драги Горгиев, татко на тапанарот од ДНК, Георги објави снимка каде се гледа траорната атмосфера. На ова место, голем дел од семејствата го минуваат секојдневието и посочуваат дека само тоа им останало по трагедијата.

„Ангели вечна ви слава, ве сакаме“, напиша Горгиев.

Родителите цела година, речиси секој викенд го минуваа со Маршот за ангелите, барајќи правда за своите чеда. И натаму раскажуваат за нивните планови и соништа. Душата ја отвораат пред целата јавност за да ја доловат нивната болка, од која треба да се извлече поука дека ваков настан не смее да се повтори и дека треба да биде поука за целото општество да работи на функционалност на системот.Истовремено, Кривичен суд им суди на обвинетите од сопственици на објектот до функционери кои според Обвинителството, дозволиле клубот „Пулс“ да работи без да ги исполнува законските прописи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…

Почна исплатата на повратот од „МојДДВ“

Корисниците на апликацијата „МојДДВ“ од денеска може…

Младиот Јован Костадинов од Виница добитник на…

Академијата „Раул Валенберг“, во соработка со Шведскиот…

Бесплатни униформи ќе добијат сите основци во…

И оваа учебна година Општина Центар продолжува…